дома информација Како европската мигрантска криза го смени изгледот на Европа?!

Како европската мигрантска криза го смени изгледот на Европа?!

1108
0

Пред пет години, повеќе од еден милион луѓе преминаа во Европа. Многумина ризикуваа со живот и тргнаа на опасни патувања во обид да избегаат од конфликти и да најдат подобар живот.


Но, ненадејниот прилив на луѓе предизвика криза – и хуманитарна и политичка – додека Европа се бореше да даде одговори и решенија.

Илјадници загинаа во обид да стигнат до нејзините брегови и, додека некои земји ги отворија рацете, други подигнаа огради и ги затворија своите граници.


Влијанието на оваа масовна миграција се чувствува и денес. А еве кои сегменти ги промени мигрантската криза во Европа:

Демографска структура

Демографската слика во неколку европски земји се смени, особено оние кои им посакаа „Добре дојде“ на мигрантите. Демографската структура се смени по сите сегменти – пол, образование, национална и расна припадност и др.

Политичка криза

Мигрантскиот бран предизвика политичка криза во европските земји кои се обидуваа да најдат решение за илјадници мигранти кои се доближуваат до европските граници.

Политичките кризи предизвикаа промена на лидери, планови, прераспределба на буџет и сл.

Економски промени

Голем дел од средствата на ЕУ беа насочени кон соочување со мигрантската криза, што предизвика намалување на фондот што беше планирано да се вложи во други сектори.

Тест на европските вредности

Женевската конвенција ги штити бегалските права, а таа е темелна правна шема на ЕУ. Сепак пристапот кон мигрантите се разликуваше на ниво на држави членки на ЕУ. Додека некои покажаа солидарност и ги отворија границите нудејќи им сместување и заштита на бегалците, други ги забарикадираа границите и покажаа отсуство на солидарност и придржување до темелните вредности на ЕУ.

Безбедносни ризици

Тероризмот е сериозна закана за државите од ЕУ по мигрантскиот бран. Статистиката покажува дека голем број на мигрантите се возрасни мажи од земји кои не се во „завојувана“ зона кои се сомничат дека може да предизвикаат конфликтни ситуации во државите од ЕУ.

Таков пример е руинирање на неколку објекти, цркви и паркинзи на грчкиот остров Лезбос во почетокот на годинава кога поморската граница помеѓу Турција и Грција ја поминаа неколку стотици мигранти.

Извор: BBC