Македонија воведува задолжителен ПЦР тест и за државјаните на Косово.
Ова одлука беше воведена откако на аеродромските контроли во Финска беше утврдено дека од скопскиот аеродром полетале патници кои биле позитивни на корона вируст.
Најголем дел од патниците во авионот биле државјани на Косово за кои не е обврска ПЦР тест за влез во Македонија.
Косово нема воведено задолжителен ПЦР тест за државјаните на Македонија и засега Косово и Албанија се единствените држави од соседството во кои државјаните на Македонија може да престојуваат без негативен резултат од ПЦР тестови.
Извор: МИА