Македонскиот јазик е уште едно „мементо” што го понесувам со себе дома и тој е идниот официјален јазик на ЕУ според наводите на Жбогар.
Иако припаѓа на истата група јазици како и словенечкиот, не секој го разбира автоматски. Затоа се вратив назад во училиште, бидејќи секогаш е добро да се знае (идниот) официјален јазик на Европската Унија, напиша на Твитер евроамбасадорот во заминување Самуел Жбогар.
Жбогар функцијата евроамбасадор во земјава ја извршува од 1 септември 2016 година, кога го замени дотогашниот шеф на Делегацијата на ЕУ Аиво Орав.
Извор: Канал5