Пациенти кои имале корона вирус со недели по враќањето дома од болницата имаат проблем со отежнато дишење, кашлица и оштетени бели дробови, пишува Гардијан.


Научниците од Австрија објавија прелиминарни податоци од студија што го следеше закрепнувањето на пациентите кои имале потешка форма на корона вирус.

Резултатите открија дека 88 проценти од пациентите имале оштетување на белите дробови шест недели по напуштањето на болницата.

Дамките што се гледаат на белите дробови изгледаа како кршено стакло. Во исто време, 47% од пациентите страдале од отежнато дишење, односно имале потешкотии во дишењето.

По 12 недели, 56 проценти од пациентите имале оштетување на белите дробови, додека 39 проценти имале потешкотии при дишењето.

Луѓето кои го преживеале вирусот корона со недели по напуштањето на болницата имале потешкотии со работата на белите дробови – рече др. Сабине Саханиќ од Инсбрук, член на научниот тим што го спроведе истражувањето.

Според нивните набудувања, закрепнувањето трае долго време, но лузните на белите дробови не се влошуваат со текот на времето.

Во истражувањето учествувале 86 пациенти, а 18 од нив биле на интензивна нега. Просечен пациент има 60 години, повеќе од 60 проценти се мажи, а половина од нив се или активни или поранешни пушачи.

Истражувањето е се уште во тек, а ќе се заврши кога ќе се навршат 24 недели од излегувањето од болница на пациентите кои учествуваат во истражувањето.

Coronavirus: What Happens To People's Body If They Get Infected

Извор: Novosti.rs