Променливо облачно со сончеви периоди и на југоистокот натпросечно топло.
Попладне и во текот на ноќта на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер понекаде и во форма на невреме.
Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец на територија на Македонија.
Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 15, а максималната дневна температура ќе достигне високи 28 степени.
Извор: УХМР