дома информација вест Дневен престој за учениците кои со физичко присуство ќе следат настава годинава...

Дневен престој за учениците кои со физичко присуство ќе следат настава годинава – ВЛАДАТА ДЕНЕСКА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ТОА

962
0

Министерката за образование Мила Царовска, рече дека разговарано е за овој проблем и според насоките кои ги имаат од Комисијата за заштита од заразни болести не би требало да е проблем да се организира дневен престој за децата чии родители се на работа и по завршувањето на часовите.


– Неколкупати сме рекле дека тоа се истите деца кои ќе следат часови заедно, па не е проблем да продолжат да бидат заедно уште неколку часа – рече Царовска.
Можеби во некои училишта ќе има потреба од дополнителен кадар, но има и технички кадар кој ќе може да биде искористен за таа потреба истакна министерката.

Имајќи предвид дека децата годинава ќе посетуваат скратена настава, по 11 или 12 часот, оние од прва смена треба да си одат дома, а нема кој да ги чува со оглед на тоа што родителите им се на работа. Затоа, дел од родителите инсистираа да се обезбеди дневен престој за нивните деца.