Пресудите за убиство и други кривични дела се епилогот на петгодишно судење на странка чија поддршка се зголеми за време на грчката должничка криза
АТИНА – Грчки суд пресуди дека неонацистичката партија Златна зора во земјата е криминална организација и прогласи голем број членови на партијата за виновни за убиства и други кривични дела – голем удар врз едно од најекстремните европски политички движења.
Семејствата на жртвите на Златна зора во судницата и илјадници демонстранти надвор, аплаудираа додека судиите донесуваа пресуди за вина против партијата. Судскиот процес, кој трае повеќе од пет години, веројатно ќе го забрза падот на екстремно десничарското движење што стана третата најголема политичка партија во Грција за време на должничката криза во земјата.
„Ова беше најважно политички судење во модерната грчка историја и најголемо судење на неонацистичка партија од војната во Европа“, рече Костис Папајоану, поранешен висок функционер за човекови права во Министерството за правда. Но, со години, рече тој, „властите многу бавно реагираа на крајнодесничарскиот тероризам, вклучително и полицијата, судството и политичкиот систем“.
„Златна зора беше, за многумина нејзини симпатизери, меѓу најуспешните примери за тоа како радикална, насилна група може да се инфилтрира во политичкиот меинстрим“, рече г. Папајоану.
По изрекувањето на пресудата, започнаа расправии меѓу некои демонстранти и полицијата пред судот, а полицијата се обиде да ја растера толпата со употреба на солзавец и водени канони. Голем број демонстранти се прегрупираа подоцна пред грчкиот парламент.
Извор: The Wall Street Journal