Според грчките медиуми околу 40-50 автомобили со туристи од Србија биле заглавени во неутралната зона на бугарско – грчката граница, откако не успеале да влезат во Грција пред шест часот. Пред да стапи во сила забраната за влез на државјани на Србија.
По реакциите од туристите, од грчка страна, според некои грчки медиуми околу 8 часот утрово бил направен исклучок, рампата била крената и оние кои биле заглавени меѓу двата гранични премини започнале да влегуваат во Грција.
Дел од српските туристи, за грчките медиуми велат дека тргнале од Белград, одморот им бил планиран од претходно, а цела ноќ чекале за влез.
Ова не е прв случај српските туристи да останат пред границите со Грција. На почетокот на сезоната неколку туристи останаа „заробени“ на границите со часови, заради што мораше да интервенира српската амбасада и МНР за ниво пропуштање понатаму.
Извор: kanal5.com.mk