дома информација вест Веќе ништо нема да е исто: СЗО предвидува дека во иднина светот...

Веќе ништо нема да е исто: СЗО предвидува дека во иднина светот ќе се соочува со голем број на пендемии

1026
0

Лидерот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека светот треба да биде подобро подготвен за следната пандемија и ги повика земјите да инвестираат во јавното здравство.

– Ова нема да биде последна пандемија. Историјата нè учи дека вирусите и пандемиите се факти и за нив секогаш мора да бидеме подготвени.

Но, кога ќе дојде следната пандемија, светот мора да биде подготвен – поподготвен отколку што беше овој пат – рече Тедрос на брифинг со новинарите во Женева.

Откако беа откриени првите случаи на коронавирус во Кина во декември лани, во светот се потврдени повеќе од 27,19 милиони случаи.

Од вирусот на глобално ниво починале 888.326 луѓе.

Извор: Нова Македонија