дома информација вест Антонијо Милошоски ќе биде гонет за злоупотреба на службена должност за 50.000...

Антонијо Милошоски ќе биде гонет за злоупотреба на службена должност за 50.000 евра

928
0

ОЈО поднесе обвинителен акт против 13 лица вклучително и Антонијо Милошовски за злоупотреба на службена должност, пишува 360 степени

Предметот се однесува на продажна на имот (зграда од 157 квадратни метри и дворно место од 3 920 квадратни метри) во село Ижишта, кој бил во сопственост на Општина Македонски Брод, а го користела Општина Пласница.

Имотот бил продаден на таткото на пратеникот. Штетата што е направена на Општина Македонски Брод и на државниот буџет, според обвинителството, е околу 50 000 евра.

Градоначалникот на Македонски Брод во 2011 година на седница на општината ги довел во заблуда советниците дека спорното земјиште треба да се даде на лицитација за што добил едногласна согласност, по што земјиштето наместо на користење го продал на таткото на Антонијо Милошовски и со тоа го отуѓил имотот на општината вреден 50.000 евра.

Сепак според многумина, предметот во ОЈО против Милошоски има врска со неговата неомиленост помеѓу СДСМ која партија воедно ја предводи новата влада, бидејќи кон почетокот на годинава Милошоски до ОЈО поднесе аудио материјал набавен од анонимен укажувач на кој како што тврди се гледа јасно упад на извршната во законодавната власт и вршење на притисок на судиска одлука од страна на тогашниот премиер Зоран Заев.

Извор: 360stepeni.mk