Покрај огнометот, танцувањето и забавата кои се дел од новогодишните веселби, „задолжително“ спаѓа и долната облека во одредена боја, без разлика дали Новата година ќе ја дочекате дома или на состанок.
Традицијата на носење црвена долна облека датира од средниот век, кога не беше дозволено носење црвена облека. Во тоа време, црвената боја се поврзувала со крвта, ѓаволот и вештерството.
Но, без разлика на суеверија, луѓето копнееле да носат црвена облека во темната зима, бидејќи црвената облека била и симбол на животот и сончевата енергија.
Црвената означува сила и страст, а знаеме дека многу култури веруваат во важноста на овие бои.
Влегувањето во новата година значи нов период, но честопати се одлучуваме на тој ден да оставиме зад себе лоши работи, и да започнеме нови почетоци.
Суеверието вели дека црвената боја може да ни помогне во тоа, а покрај тоа е познатата изрека дека влегувањето во новата година во црвено ќе ја зголеми среќата во љубовта.
Црвената облека на новогодишната ноќ ќе биде скриена, често како замислени желби, а може да донесе и среќа во љубовта. Покрај тоа, секоја жена ќе се чувствува убаво и енигматично ако носи црвена долна облека.