Кога луѓето се благодарни само на фактот дека имаат работа, постои шанса дека тоа да ги одврати од залагањето за своите права.

Научниците среќата ја поврзуваат со благодарноста, но и среќата понекогаш има свои недостатоци.

Иако благодарноста за вашата работа може да биде искрена и автентична, често е депласирана и е резултат од притисокот да бидете „благодарни“ за вработувањето. Оваа „должна“ благодарност може да ни се одбие и од глава.

„Bright Side“ одлучил да го истражи ова прашање, притоа откривајќи дека има свои негативни страни, влијаејќи врз вашиот секојдневен живот.

Тоа ве прави поподготвени да ги толелирате работите кои ве прават несреќни

Многу луѓе имаат пример од своето детство кога биле принудени да чувствуваат благодарност за нешто што не им се допаѓа. На пример, не сте сакале да јадете нешто, а на тоа вашите родители ви викале: „Биди благодарен што воопшто имаш храна!“

Научени сме да го цениме она што го имаме и да не кукаме поради тоа. Потоа растеме и продолжување со овој начин на размислување како возрасни на работното место, притискајќи се себеси да изразиме благодарност – понекогаш и минимална.

Понекогаш кога сте во тешка ситуација можете да си кажете во себе: „Можеше да биде и полошо“. Сепак, ако сте премногу зафатени со туркање на себеси да бидете благодарни за вашата работа, можеби нема да сфатите дека тоа е неблагодарно кон вас и дека поради тоа ќе се чувствувате заглавени.

Се користи за маскирање на негативните емоции

Кога се присилувате да бидете благодарни за нешто, можеби ја користите т.н. тактика на „заобиколување на благодарноста“ за да ги избегнете и потиснете негативните чувства.

Си велите во себе дека се чувствувате благодарно, а реалноста е дека се чувствувате тажно, под стрес, анксиозно или уморно. И можеби ви недостигаат црвени знамнциња кои би требале да ве алармираат дека нешто не е во ред.

Очигледно, ова не е здраво и нема да ви дозволи да ги видите позитивните ефекти од вистинската благодарност додека ги доживувате негативните страни од емоционалното избегнување.

На крајот, негативните чувства ќе ве престигнат – веројатно со поголем интензитет. Заменувајќи ги овие чувства со присилна благодарност, може да ве натера да помислите дека истите имаат капацитет да ве мотивираат да ја подобрите вашата ситуација.

Тоа ве прави да изгледате поранливо во очите на вашиот шеф

Погрешно поставената благодарност може многу лесно да биде искористена од некои работдавачи, било преку манипулирање со работниците за да ги оптоварат со работа или за да ги „намалат трошоците“, користејќи ги како изговор за да ве отпуштат или да ви ја намалат платата.

Тие знаат дека нивните вработени нема да се жалат или дека ќе дадат отказ бидејќи се плашат од тоа дека нема да најдат нова работа.

Кога луѓето се благодарни само за фактот дека имаат работа, тоа може да ги одврати од залагањето за своите права.

Сето ова доведува до преопотоварување, поголем стрес и незадоволство од својата работа и живот.

За да го избегнете тоа, запамтете дека не му должите ништо на својот работодавач: не би требало да бидете благодарни само затоа што „ви е дозволено да“ работите за него.