Според истражувањата, следните карактерни црти се исто така поврзани со повисок коефициент на интелигенција:
- Зборувате сами со себе
Ако зборувате сами со себе, тоа не е знак дека имате психички проблем, но може да укаже на многу високо ниво на интелигенција.
Психолозите открија дека гласното зборување со себе води до подобрување на самоконтролата и концентрацијата – важни аспекти на интелигенцијата.
Не е ни чудо што дури и професионалните спортисти често си зборуваат сами на себе на натпревари, пишува Miss7.
- Среќни сте сами
На некои луѓе секогаш им треба друштво и мразат да бидат сами, додека други уживаат во самотија. Но, како тоа однесување укажува на поголема интелигенција?
Истражувањето објавено во British Journal of Psychology покажа јасна врска помеѓу самозадоволството и интелигенцијата. Причината: овие луѓе имаат повеќе време за размислување и планирање, што исто така ја зајакнува самодисциплината.
- Хумор
Кловновите често не се перципирани како најпаметните луѓе во општеството. Сепак, научниците докажаа дека професионалните комичари и луѓето од слични професии имаат високо ниво на интелигенција.
Шега и интелигенција – ненадмината комбинација!