Повеќе од 1,2 милиони луѓе во светот починале во 2019 година од инфекции предизвикани од бактерии кои се отпорни на антибиотици, покажува најсеопфатната студија направена досега на оваа тема.
Годишно има повеќе смртни случаи отколку од маларија или ХИВ.
Во посиромашните земји е забележана поголема отпорност на антибиотици, што е закана за здравјето на сите, се наведува во студијата.
Не голтајте антибиотици сами, некои инфекции стануваат посилни и поотпорни на нив.
Прекумерната употреба на антибиотици во последните години, кои се користат и за поблаги форми на инфекции, доведе до фактот дека овие лекови се сè помалку ефикасни во борбата против сериозните болести.
Луѓето умираат од вообичаени инфекции, кои претходно биле лекувани едноставно, се затоа што бактериите стануваат поотпорни.
Здравствените власти во Велика Британија предупредија дека може да се појави „скриена пандемија“ за време на Ковид, доколку рецептите за антибиотици не се препишуваат на совесен начин.