Комисијата за заразни болести не предложи нови мерки до Владата на денешниот состанок.
Тоа значи и дека нема да има дополнителни мерки, односно на сила останува полицискиот час (од 22 до 5 часот) што е предвидено да трае до 6 април.
Комисијата ја донесе одлуката врз основа на податоците за новозаразените во последните неколку дена.
Таа повторно ќе заседава веројатно во понеделник.