Премиерот Зоран Заев го објави почетокот на Самит за Западен Балкан во рамките на Берлински процес кој се одржува во Софија.
–Пристигнавме во Софија на лидерскиот Самит за Западен Балкан во рамките на Берлинскиот процес, каде што оваа година домаќини се Република Бугарија и Република Северна Македонија, а самитот ќе го водиме заедно со премиерот Борисов. Отвораме ново поглавје во развојот на регионот и за остварување на стандардите кои земјите од нашиот Западен Балкан ги ставаат поблиску до членството во ЕУ. Денеска ќе имаме можност да дискутираме за клучните стратешки насоки за нашиот регион, за визијата за заедничкиот регионален пазар и за Зелената агенда за Западен Балкан. И во оваа прилика посебна благодарност упатуваме и до иницијаторот на Берлинскиот процес, канцеларката Меркел и до СР Германија, од кои континуирано добиваме силна поддршка за европската перспектива на Западен Балкан и за регионалната соработка, објави Заев на својот фејсбук профил.