Во саботата на железничката станица во Скопје, се случи пожар на локомотивата која го влечеше патничкиот воз од Гевгелија до Скопје.
За среќа освен големата материјална штета, немаше човечки жртви.
Денес, кај железничката станица Смоквица се запали друга локомотива која го влечеше патничкиот воз на релација Скопје – Гевгелија.
Пред 3 недели на пругата Романовце – Куманово од товарен воз со вкупно 20 вагони, дури 12 вагони излетаа од шините. Не многу одамна во 2019 год., во близина на Куманово исто така 15 вагони излетаа од шините…
Што се случува со македонски железници!?
После вакви настани, дали патниците може да се чувствуваат безбедни да ја користат железницата? Кој ќе понесе одговорност за овие несреќи? Колкава е материјална штета? Дали свесно се уништува претпријатието со цел некој да го купи за евтини пари?
Повеќе пати реагиравме и предупредувавме дека владата на СДСМ има несериозен и расипнички однос кон железниците во нашата држава кој резултира со вакви настани.
Но, доколку се продолжи со ваков однос, за жал се почесто ќе имаме вакви немили настани, а за многу брзо МЖ Транспорт ќе остане без локомотиви и вагони за вршење на основната дејност превоз на патници и стока.
Затоа што поскоро оваа неспособна Влада треба да си оди од власт, а на нејзино место да дојдат стручни кадри кои максимално посветено ќе работат овојпат не за обнова, туку за одново градење на се што е до сега уништено.