Министерството на Република Бугарија излезе со официјална позиција во врска со последните случувања околу поддршката на Република Бугарија за евроинтеграцискиот процес на Република Македонија. Истата ја пренесуваме интегрално:
Република Бугарија е најсилниот и најнесебичен поддржувач на европската интеграција на земјите од Западен Балкан, вклучувајќи ја и Република Северна Македонија.
Со својот став изразен во вторникот во рамките на Советот за општи работи, Република Бугарија уште еднаш изјави зошто во оваа фаза не може да даде согласност за одобрување на Рамката за преговори на Република Северна Македонија со ЕУ и одржувањето на првата меѓувладина конференција до крајот на 2020 година
Бугарската позиција целосно се заснова на Рамковната позиција донесена на 9 октомври 2019 година, поддржана од Народното собрание на Република Бугарија, во која се утврдени барањата со кои нашата земја ja обврзува понатамошната поддршка за интеграција на Република Северна Македонија во ЕУ.
Предлозите на Бугарија за вклучување во Рамката за преговори за Република Северна Македонија се засноваат на јасни преседани, но за жал тие не беа дискутирани од сегашното претседателство. Тие исто така се во согласност со заклучоците на Советот на ЕУ од 25 март 2020 година, во кои се нагласува важноста за постигнување опипливи резултати и добронамерна имплементација на билатералните договори на Република Северна Македонија со Бугарија и Грција, како дел од процесот на проширување.
Во оваа фаза, нацртот на Рамката за преговори не содржи гаранции дека нашата земја треба да го поддржи нејзиното одобрување. Бугарија ќе ги продолжи своите конструктивни напори за време на следното претседателство со Советот на ЕУ.
За жал, во последната година Република Северна Македонија се обложи на дипломатска и медиумска кампања за дискредитација на позициите на Република Бугарија, бидејќи на јавноста постојано и беа презентирани лажни информации во врска со бугарската позиција.
Со наследен тоталитарен историски наратив, тешко е да се најде поддршка од Бугарија.
Време е владата на Република Северна Македонија да се откаже од манипулативната теза дека Бугарија го оспорува правото на самоопределување и идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија или нивното право да го нарекуваат својот јазик како што сакаат.
Бугарија беше првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија, со што започна процесот на меѓународно признавање на тогашната млада држава и со текот на годините даваше помош во најтешките моменти. Оваа помош продолжува и денес.
Сепак, Република Бугарија не прифаќа афирмацијата на идентитетот на граѓаните на Република Северна Македонија да се изврши во конфронтација со соседните земји и на штета на нивните национални интереси.
Врз основа на нејзината одговорност да не носи отворени прашања во ЕУ и да ги штити нејзините интереси, вредности и авторитет, Република Бугарија ќе продолжи да бара трајни решенија што ќе овозможат понатамошен развој на билатералните односи и оптимален процес на преговори на Република Север. Македонија со ЕУ, стои во официјалната позиција на бугарското Министерство за надворешни работи.