Претежно облачно, претпладне на југоистокот со локален дожд. Кон крајот на денот облачноста делумно ќе се намали.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а попладне слаб ветер од јужен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 3 степени, а максималната ќе достигне 10 степени.