Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, вели министерот за економија.
Цените на основните прехранбени производи во наредните 10 дена ќе имаат намалување. Ова особено се однесува на оние основни прехранбени производи кои се наведени во Одлуката за утврдување на маржите од 5 до 12 отсто, најави министерот за економија на денешниот брифинг со новинарите.
–Во делот на лебот веќе почна поевтинувањето. Очекуваме во наредните 3 до 4 дена намалување на цените на млекото и млечните производи, а до крајот на наредната недела и намалување на цените на месните производи, нагласи Бектеши.
Според него, ако суровините останат на истите увозни цени, од 1 декември се очекуваат и поголеми поевтинувања.
Министерот најави дека утре ќе се донесе дополнителна одлука со која ќе се прошири списокот на дејностите кои ќе бидат поддржани од Владата согласно барањата на Стопанската комора и целиот ланец во делот на месната индустрија ќе биде покриен со субвенционирана електрична енергија.