Земањето на лекот силденафил, попознат под брендот Виагра, е поврзано со значително помал ризик од развој на Алцхајмерова болест, открива американска студија.
Според студијата на Клиниката во Кливленд, корисниците на силденафил имаат речиси 70% помал ризик да развијат Алцхајмерова болест од оние кои немаат.
Студијата се заснова на анализа на податоците за здравственото осигурување на повеќе од 7,2 милиони луѓе, а податоците покажуваат дека групата која земала сиденафил имала многу помала веројатност да развијат симптоми на Алцхајмерова болест во следните шест години од оние кои не го направиле тоа.
Важно е да се забележи дека набљудуваната поврзаност – дури и на толку голем примерок – не е нужно доказ за каузалноста.
На пример, луѓето од групата на силденафил може да имаат помал ризик од развој на Алцхајмерова болест поради друг фактор, велат авторите.
Сепак, истражувачите тврдат дека корелацијата пронајдена, заедно со другите индикатори во студијата, е доволна за да го направи силденафил ветувачки кандидат за употреба против Алцхајмерова болест, а неговата веродостојност може да се испита во идните клинички испитувања за да се докаже дали постои врска.
–Откривме дека употребата на силденафил ја намалува веројатноста за Алцхајмерова болест кај лица со коморбидитети како што се коронарна срцева болест, хипертензија и дијабетес тип 2, но исто така и кај оние без коморбидитети, објаснува биологот и главен автор на студијата, Фексионг Ченг од Кливленд Клиника.
Ова не е првпат употребата на силденафил да се поврзува со поволни здравствени резултати бидејќи се покажа како ветувачки во различни научни контексти, вклучително и во третманот на рак и маларија.
Истражувањето е објавено во списанието Nature Aging.