Зголемиот број на новозаразени во земјава, постојано го наметнува прашањето дали болеста која настанала како последицица на ковид-19, завршува со прележувањето на вирусот.

Ваквите дилеми меѓу граѓаните се најчести токму во овој бран на омикрон сојот, кога се уште нема доволно научни истражувања и докази за сите пост ковид последици.

  • Дали вирусот знае да остави трајни последици?

Истражувања покажуваат дека по прележување на ковид-19 може се јават и повеќе од 50 симптоми, кои пациентите претходно ги немале.

Така, луѓето се жалат на проблеми со разни алергии, до покажување на шеќерот во крвта, пореметување на мастите, проблеми со видот, проблеми со срцето, косопаст, психолошки проблеми, проблеми со органите за дишење, со централниот нервен систем… Кај некои има влошување на состојбите со болести кои претходно ги имале.

Токму поради тоа сè повеќе лекари алармираат дека здравствените власти треба да размислуваат за отварање на постковид-амбуланти. Апелите траат подолго време.

Со вакви амбуланти пациентите не би морале да одат во различни здравствено установи, кај неколку специјалисти за да добијат испитувања или дијагноза за нивните здравствени потешкотии.