Истакнат руски научник кој работел на вакцината против вирусот корона бил пронајден мртов со убодна рана откако паднал од прозорецот на една зграда во Санкт Петербург, пренесуваат руските медиуми.
Александар Саша Кагански (45) бил во долна облека кога паднал од прозорецот на неговиот стан на 14-ти кат.
Научникот имал убодна рана по телото, соопшти полицијата.
Неговото тело го пронашол сосед на улица, а полицијата верува дека имало тепачка пред Кагански да падне од зградата.
Руската полиција соопшти дека смртта на научникот се испитува како можно убиство, а 45-годишен маж се испитува како потенцијален осомничен.
Кагански, најпознат по својата работа за истражување на рак, беше асистент професор во Владивосток и работеше во Шкотска 13 години, додаваат медиумите.
Се додава дека Кагански работел и на развој на вакцина против коронавирусот.