Уставот на САД никогаш не бил прекршен толку сериозно како на овие претседателски избори, изјави американскиот претседател Доналд Трамп.
–Зошто медиумите кои пласираат лажни вести постојано претпоставуваат дека демократскиот кандидат Џо Бајден ќе се искачи на позицијата претседател, дури и без да дозволи нашата страна да покаже колку е повреден нашиот устав на изборите во 2020 година – напиша Трамп на Твитер.