Таа тоа го изјавила откако владата на Александар Лукашенко применила сила за да ги задуши протестите кои се одржани во текот на денов.

„Режимот уште еднаш им покажа на Белорусите дека единствено е способен за насилство“, навела Тихановска во соопштението и додале дека заради тоа од понеделник во земјата ќе започне генерален штрајк, пренесе „Ројтерс“.

Денес истекува рокот на „народниот ултиматум“ кој поранешната претседателска кандидатка Светлана Тихановска претходно им го постави на властите во земјата.

Таа навела дека, доколку барањата на опозицијата не се исполнат до 26 октомври, сите претпријатија во земјата ќе стапат во генерален штрајк.

Десетици илјади поддржувачи на белоруската опозивија денес со собрале на Плоштадот на слободата во центарот на Минск на протест во рамките на опозицискиот „народен ултиматум“.

Полицијата врз демонстрантите фрлила десетина шок бомби, во градот Лида, каде исто така е одржан протест, полицијата употребила солзавец.

Центарот за заштита на човекови права „Весна“ пријави дека ширум земјата се уапсени 80 демонстранти, а порталот „tut.by“ соопшти дека во градот Витебск биле уапсени двајца новинари кои известувале од протестите, пренесе „ТАСС“.