Според студијата спроведена во Велика Британија, некои луѓе со долг ковид веројатно имаат скриено оштетување на белите дробови, пишува Би-Би-Си.
Научниците користеле нов метод на скенирање на гас за да откријат абнормалности во белите дробови кои не можат да се видат со рутински прегледи.
Тие анализирале луѓе на кои не им била потребна болничка нега кога се заразиле со Ковид-19, но имале долгорочен проблем со отежнато дишење по завршувањето на болеста.
Оваа студија би можела да даде некои одговори на нејаснотијата во врска со долгорочниот ковид – состојба која трае со недели по инфекцијата со коронавирус, во неколку месеци, а која не може да се објасни со која било друга причина или болест.
Истражувачите ги споредија сликите од скенирање на гас и други испитувања на белите дробови кај три групи луѓе. Меѓу нив имало 11 лица со долг ковид кои имале потешкотии со дишењето, 12 биле примени во болница по инфекција со коронавирус, но без симптоми на долг ковид и 13 здрави луѓе кои служеле како контролна група, пишува Би-би-си.
Сите учесници во студијата вдишувале ксенон гас за време на магнетна резонанца (МРИ). Гасот се однесува на многу сличен начин како кислородот, но може визуелно да се следи за време на скенирањето, па експертите можеа да видат колку ефикасно се движи од белите дробови до крвотокот.
Тие открија дека за повеќето луѓе со долга ковид, преносот на гас е помалку ефикасен отколку во контролната група. Слични абнормалности биле забележани и кај оние кои биле примени во болница поради Ковид.
Специјалистот за бели дробови, Емили Фрејзер, рече дека е фрустрирачки кога пациентите доаѓаат на клиниката и не може да им објасни точно зошто имаат проблеми со дишењето, особено кога рендгенските зраци и КТ не покажуваат абнормалности.
Ова е многу важно истражување и навистина се надевам дека ќе ни даде некои одговори, рече Фрејзер.
Бидејќи станува збор за мала група на испитаници кои не го поминале прегледот на независни експерти, во тек е понатамошно истражување кое треба да ги потврди овие резултати.