Во споредба со невакцинираните, луѓето кои примале единечна доза на AstraZeneca биле 55 проценти заштитени од смрт, во споредба со 44 проценти по единечна доза на Pfizer / BioNtek, според студијата на Институтот за јавно здравје во Англија.

Во комбинација со заштитата што вакцините генерално ја обезбедуваат од инфекција, тоа значи дека заштитата од смртност по единечна доза на обете вакцини е околу 80 проценти, се наведува во студијата, цитирана од Ројтерс.
Исто така, се наведува дека заштитата на вакцината Pfizer / BioNtek од фатален исход се зголемува по втората доза од 80 на 97 проценти.

Институтот за јавно здравје на Англија ги објави овие податоци врз основа на студија за заштита од смртност, која беше прва од ваков вид спроведена во реални околности.

Студијата опфати случаи од декември до април и луѓе кои биле вакцинирани, но починале во рок од 28 дена по позитивниот тест.