Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец.

Минималната дневна температура во Скопје ќе изнесува 2 степени, а максималната ќе достигне 14 степени.

Почнувајќи од утре, времето на територијата на целата држава ќе биде сончево со забележано благо покачување на температурите.