Шминката нема точен датум на истекување, како некои намирници што ги чуваме во фрижидер, па често се случува да ја користиме подолго отколку што треба.

Кога на млеко пишува дека трае до септември 2021 година, знаеме кога да го фрлиме, но кога пишува две години од отворањето во сенка, и не се сеќаваме што јадевме вчера, а камоли кога ќе ја потопиме четката во палетата, тогаш има проблем.

И без разлика колку е тешко да се одделиме од некоја супер маскара или руменило што собира прашина, навистина треба да знаеме кога е време да се збогуваме.

Затоа што во спротивно последиците можат да бидат катастрофални.