Многумина, сосема логично, ќе прашаат, што е проблемот со тоа? Во принцип, можете да ги чувате во домот, но, како што советува порталот holahola.cc, само доколку почитувате одредени правила.

Сликите на покојникот, сакале или не, се поврзани со светот на мртвите. Ако личноста починала, сликите сè уште ја држат поврзана со светот на живите. Поради оваа причина, тие советуваат да се следат следниве правила:

  • Сликите на починатиот не смеат да висат на ѕид, да бидат во рамка или на маса. Затоа, тие не смеат да бидат на повидок.

Се верува дека ако овој совет се игнорира, сликата ја зема енергијата на живите луѓе. Ако фотографиите се зачувани во албум, а повремено ги гледате со носталгија, се ќе биде во ред.

Меѓутоа, ако постојано ви се на повидок, наводно може да предизвикаат постепено влошување на вашата физичка и емоционална состојба.

  • Фотографиите на мртвите треба да се чуваат одвоени од фотографиите на живите. Одвојте посебен албум за слики на покојникот, каде што ќе чувате и слики каде се мешаат живите и мртвите.

Некои дури препорачуваат да се исечат такви слики, за да се одвои енергијата на живите од енергијата на мртвите.

Исто така, сликите на починатиот треба да се чуваат во црни албуми или во црна торба.