Една нова студија сугерира дека можеби постои оптимално време, во рамките на нашиот 24-часовен телесен ритам, кога треба да одиме да спиеме.
–Телото има 24-часовен внатрешен часовник, наречен деноноќен ритам, кој помага во регулирањето на физичкото и менталното функционирање, вели психологот Дејвид Планс од Универзитетот во Ексетер.
За луѓето кои немаат сериозни здравствени проблеми, може да бидат корисни информациите дека заспивањето помеѓу 22 и 23 часот е погодно за здрав кардиоваскуларен систем.
–Резултатите од нашата студија сугерираат дека рано или доцна спиење е поверојатно да го наруши часовникот на телото, со негативни последици по здравјето на кардиоваскуларниот систем.
Анализирајќи ги податоците од акцелерометарот што ги носеа 88.026 учесници на рачниот зглоб за време на студијата, истражувачкиот тим предводен од Шахрам Никбактијан од компанијата за дигитална здравствена заштита Huma Therapeutics AI беше во можност да го спореди времето на спиење со подоцнежните здравствени резултати.
Резултатите покажале 3.172 случаи на кардиоваскуларни болести, во текот на речиси шест години – колку долго биле следени учесниците во студијата.
Тимот откри дека заспивањето после полноќ или пред 22 часот е поврзано со околу 25 отсто зголемен ризик од кардиоваскуларни болести, во споредба со заспивањето помеѓу 22 и 23 часот. Ова зголемување на ризикот падна на 12 проценти кај оние кои заспале помеѓу 11-12 часот.
–Најризичното време беше по полноќ, потенцијално затоа што веројатноста да се види утринската светлина се намалува, што го ресетира телесниот часовник, вели Планс.