Македонија е енерегетски најсиромашната држава во Европа.
Секое трето домаќинсто не може да си го загрее домот. Немањето пари да се платат високите сметки за струја е најчестата причина, но според истражувањето на Стефан Бужаровски, професор на унивезитетот во Манчестер, дури и граѓаните кои имаат пари, не можат да си дозволат греење во сите соби од домот.
Речиси 60% од испитаниците изјавиле дека не им е топлo во зима.
Покрај ниските примања, проблем за енергатска неефикаснoст се и старите објекти, слабата изолација, немањето програма за градските власт, горењето цврт отпад.
Според Бужаровски, гасификацијата нема да го реши проблемот.