Работодавецот/шефот не смее да му звони на мобилен телефон на работникот, ниту да му испраќа СМС-порака и меил после работно време, во неработни денови и за време на одмор. Ова е предвидено со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска. Според измените, работењето во недела ќе се плаќа 50 отсто повеќе.
Работникот има право да биде недостапен после работното време или додека е на годишен одмор. Според извори во хрватската Влада, ниту колеги од работа нема да можат да звонат на телефон на други колеги после работно време освен во случај на итна потреба.
– Итна потреба може да биде ако сте некој водоинсталатер, па пукне некаква цевка или ако некоја итна работа мора да се сработи за вие да дојдете на работа, тогаш се разбира работникот има право на платена прекувремена работа. Вие новинарите исто вие морате ако нешто се случи да интервенирате, бидејќи тоа е со цел информирање на јавноста, така што тоа ќе се гледа од случај до случај- изјави помошник-министерот за труд на Хрватска, Дражен Опалиќ.