И покрај оставањето впечаток на елеганција, софистицираност и женственост, седењето со прекрстени нозе повеќе од половина час може да предизвика сериозни проблеми со грбот.

Луѓето не се создадени да седат, па ако треба тоа да го прават подолго, треба да ја менуваат својата позиција што е можно почесто, истакнуваат германските лекари.

Предолгото седење во таа позиција може, по некое време, да доведе до висок крвен притисок, дури и кај луѓе кои не се предиспонирани за хипертензија.

Долгото седење го повредува ‘рбетот

Седењето повеќе од три часа на ден може да доведе до грчеви во грбот и неправилно држење на телото, но и болка во вратот и долниот дел на грбот.

Овој начин на седење ја нарушува и циркулацијата.

Во крвните садови, всушност, има мали вентили кои овозможуваат правилен проток на крв, а со вкрстување на нозете, притисокот врз вените се зголемува и со тоа го попречува нормалниот проток на крв.

Како последица на тоа, може да се појави непријатно пецкање во нозете, што го отежнува нормалното одење.

Затоа е многу важно, ако не можете да се ослободите од оваа навика, да прошетате на секои 30 минути.