Вработените на возраст меѓу 20 и 64 години во Европската унија работеле вкупно три отсто повеќе часови на нивната примарна работа во вториот квартал од 2021 година, во споредба со првиот квартал од 2021 година, според Евростат.
Зголемување на бројот на работни часови е забележано во повеќето земји-членки на ЕУ.
Најголем пораст на обемот на реалното работно време е забележан во Грција (+18 проценти).
Од друга страна, во шест земји на ЕУ, во вториот квартал е забележан помал број на работни часови во однос на првиот, а падот се движи од – 0,12 во Луксембург до -3,6 отсто во Белгија.
Пазарот на трудот е погоден од мерките што ги преземаа земјите од Европската унија за време на кризата со коронавирус за да се спречи ширењето на инфекцијата.
Некои од овие мерки имаа директно или индиректно влијание врз бројот на работни часови на вработените.
На ниво на ЕУ, вкупниот број на вистински работни часови од страна на жените се зголеми малку повеќе (3,3 отсто) во споредба со вкупните фактички работни часови од мажите (2,7 отсто).