Голем број на ковид центрите се затворени, до крајот на неделата и одделенијата во зградата на интерните клиники се очекува да бидат вратени во нормала.
Донесените мерки остануваат да важат до 1 јуни, продолжува препораката за карантин од 14 дена за сите патници кои доаѓаат од Африка, Индија, Јужна Америка.
Вакцинацијата се одвива добро, близу 200.000 граѓани се вакцинирани, од нив 30.000 ревакцинирани, во државата се аплицирани близу 220.000 дози на вакцини.
Продолжува вакцинацијата на сите пријавени во системот и веб сајтот vakcinacija.mk над 40 години, опфатени се дополнително пријавените граѓани над 65 години после 1 мај.
Согласно одлуките на Комитетот за имунизација и Националната група се прават распоредите за приоритетни групи, во тек е и вакцинацијата на пациенти на дијализа и пациенти коишто се трансплантирани.
Според најавите од Кинеската амбасада, 500.000 вакцини од Синовак треба да пристигнат на почетокот на јуни. Дополнителни 100.000 вакцини на Фајзер преку Ковакс системот во текот на месец јуни.
Продолжува и динамиката на пристигнување на 10.000 вакцини од производителот Фајзер секој понеделник, преку нашиот директен договор и системот на солидарност од ЕУ до крајот на месец мај.