Само една третина од жителите на САД можат да ја пронајдат Украина на картата на Европа, покажуваат резултатите од анкетата објавена од „Морнинг консалт“.
Коректно, само 34 отсто од испитаниците можеле точно да ја лоцираат Украина на картата. Од оние Американци што не можеле да ја пронајдат, 37 отсто поддржуваат испраќање оружје во Киев. Од оние што успеале да ја пронајдат, пак, половина поддржуваат таков потег.
Исто така, меѓу прашањата во анкетата било и дали треба да се воведат најстроги санкции кон Русија во случај на инвазија на Украина, па така од оние што знаеле каде е оваа држава на мапата, санкции поддржале 58 отсто.
Од друга страна, 41 отсто од Американците што не знаат каде е Украина на картата, исто така, поддржуваат санкции кон Русија.
Оваа анкета била спроведена на 7 февруари, а опфатила 2 005 жители на САД.