Цените во САД во декември 2021 година се зголемени за седум отсто во однос на претходната година, што претставува највисока стапка на инфлација во последните 40 години, објави Министерството за финансии, пренесе Бета.
Економските експерти посочуваат дека високата побарувачка, така да се каже, се судри со недостигот на понуда предизвикан од пандемијата.
Тоа влијаеше на растот на цените на моторните возила и мебелот, но и на секојдневните потреби, како што се храната и горивото.
Повисоките цени ја одбележаа американската економија во текот на целата претходна година, а нивниот раст е највисок од 1982 година, пренесува агенцијата Бета, повикувајќи се на Гласот на Америка.
Белата куќа и креаторите на економската политика во Федералните резерви (Централната банка на САД) се фокусирани на зголемување на трошоците, иако укажуваат дека очекуваат инфлацијата да остане изразена во текот на 2022 година.
Американскиот претседател Џозеф Бајден ја повика Федералната трговска комисија да го истражи
однесувањето на нафтените и гасните компании на штета на потрошувачите.
Федералните резерви се обидуваат да ја ограничат инфлацијата со прекинување на директната финансиска поддршка за економијата во март, порано од првично планираното, и со зголемување на референтната каматна стапка што влијае на трошоците за задолжување за бизнисите и потрошувачите.