Според важечка одлука на УО на ЗОО Скопје откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани.
Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите, вели Стаменов
Во Зоолошката градина работам повеќе од 12 години како самостоен зоо-негувател, остро ги демантирам наводите во јавноста дека сум некаков „убиец“ на животни како и лажните информации за наводните мои изјави, рече денес Кристијан Стаменов, кој вчера беше разрешен од позицијата в.д. директор на скопската Зоолошка градина.
Против него и против уште пет вработени во ЗОО-Скопје МВР подлело кривични пријави откако вчера при извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина (кујна за подготвување храна за животните) како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни.
Со Одлука за отстапување на стока од 11 јули 2022 година од Управата за извршување на санкциите КПУ – Идризово Скопје според Решение за отстапување на стока од Агенцијата за управување со одземен имот од 8 јуни годинава и Решение за отстапување на стока од 31 мај годинава се отстапија вкупно 12 коњи од КПУ Идризово во Зоолошката градина, поради немање на соодветни услови за нивно чување. Овие животни биле претходно запленети од дрвокрадци, шверцери на наркотични средства итн. Според важечка одлука на Управниот одбор на Зоолошката градина Скопје од кoj последните 20 години или откако постои оваа установа се врши таканаречено „економски искористување“ на животни кои во консултација со стручните лица од Зоолошката градина се во состојба пред умирање, болни, со видливи неизлечиви рани, инфекции и крајно изнемоштени животни кои не можат да бидат рехабилитирани. Наспроти сите јавни пишувања на поединци морам да истакна дека ова не е прв случај, вакви случаи во минатото се бројни и лично сум учествувал како зоо-негувател во ваква постапка и во времето на претходниот директор на Зоолошката градина. Крајно лицемерна е осудата која доаѓа кон мене токму од истите лица кои ова економско искористување го имаат и самите правено и тоа не само на коњи, туку и на останати животни. Пример за тоа е жирафата која е дадена како храна за лавовите – вели Стаменов.