Појадокот е многу важен оброк – може да ви го разубави или расипе денот.

Сепак, овој утрински оброк се разликува по нации, но исто така и по континенти.

Истражувањата покажаа како изгледа појадокот во Америка и Европа.

Шведскиот појадок вклучува јајца и риба или зеленчук, додека на Исланд луѓето денот го започнуваат со овошје, житарици и јогурт.

Шпанците имаат карактеристичен тост со маслиново масло и домат.

Експертите наведуваат дека овие верзии на појадок се многу здрави и хранливи, додека во Америка тоа не се зема предвид.

Луѓето во Америка го третираат појадокот како десерт.

Нивниот појадок се состои од голема количина шеќер, што во голема мера ги надминува границите на дозволениот дневен внес.