Германскиот суд донесе пресуда со која се прави преседан во работата од дома. Имено, доколку на вработените им се случи некоја незгода дома во работно време, тие имаат право на обесштетување исто како што би имале доколку се повредат на работното место.
Судот во Германија работел на еден необичен случај во кој пресудил во корист на еден вработен кој се лизнал додека одел од кревет до својата домашна канцеларија. Имено, тој се стекнал со право да побара осигурување за несреќа на работа, бидејќи технички патувал до работа.
Човекот од пресудата работел од дома кога паднал на спиралните скали кои ги поврзуваат горниот кат од неговата куќа каде што се наоѓа неговата спална соба и долниот кат каде што му се наоѓа бирото и при тој пад се здобил со скршеница на грбот.
Федералниот социјален суд, кој ги надгледува прашањата за социјално осигурување, пресудил дека вработениот обично почнува да работи во неговата домашна канцеларија „веднаш без да појадува“, иако на прв поглед воопшто не е јасно како ова е релевантно за случајот. Сепак, овој факт се покажал како клучен за случајот. Подоцна било обелоденето дека законското осигурување од незгода го покрива само „првото“ патување до работа, што сугерира дека патот од работа до купување појадок на пауза не влегува во осигурувањето.
Осигурувањето на работодавачот одбило да го покрие ова побарување. Додека два пониски суда не се согласувале околу тоа дали тоа кратко патување може да се смета како патување до работа, повисокиот Федерален социјален суд пресудил дека „првото утринско патување од кревет до домашната канцеларија е обезбедена работна рута“.
–Тужителот доживеал несреќа на работа утрото кога паднал на пат до својата домашна канцеларија. Доколку осигурената дејност се врши во домаќинството на осигуреникот или на друго место, осигурувањето се осигурува во иста мера како и кога дејноста се врши во просториите на компанијата, стои во пресудата.
Не е познато дали повредениот работел од дома поради пандемијата или тоа го правел и претходно. Во пресудата се наведува дека законот се однесува на „ работните места на далечина“, кои се „компјутерски работни станици кои работодавачот трајно ги поставува во приватниот простор на работникот“.