Работниците кои работат на изградба на автопатите од Коридор 8 и 10 нема да работат 60 часа неделно, откако Уставниот суд го укина член12 од Законот.
Уставен смета дека овој член е штетен за работниците, односно со него се повредува правото на дневен и неделен одмор и е спротивен на членот дека сите граѓани се еднакви пред Уставот и законите.
Иницијативата пред Уставен суд ја поднесоа здружението за работнички права „Гласен Текстилец“, Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Синдикат за градежништво, индустрија и програмирање на Република Македонија (СГИПРМ).
Од ССМ велат дека Уставен суд одлучи во корист на работниците.
Коридор 8 е делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, а Коридорот 10 е делница на автопатот Прилеп – Битола. Законот за изградба на автопати без тендер со американско-турскиот конзорциум Бехтел и Енка беше донесен на 15 јули минатата година.