Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – септември 2022 година во однос на истиот период лани е намален за 1,5 проценти, додека во септември 2022 година во однос на септември 2021 бележи пад од 0,4 отсто.
Како што соопшти Државниот завод за статистика, бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во септември 2022 година во однос на септември 2021 година бележи опаѓање од 3,3 отсто, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 0,2 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,3 проценти.
Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во септември 2022 година во однос на септември 2021 година, бележи опаѓање кај Енергија за 6,3 отсто, Tрајни производи за широка потрошувачка за 2,1 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 отсто, додека пораст бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 0,9 и Капитални производи за 7,3 проценти.