Според најновите истражувања, пиењето кафе не го зголемува ризикот од срцев удар, како што досега се мислеше, па дури може да има и заштитно дејство.

Студијата на Медицинскиот факултет Харвард во Бостон ја испитувала врската помеѓу кафето и ризикот од срцев удар кај 32.650 Швеѓанки на возраст од 40 до 74 години.

Во текот на пет години жената претрпела 459 срцеви удари, од кои 68 биле фатални.

Тимот на научници откри дека жените кои пијат пет или повеќе шолји кафе на ден имаат 32 отсто намален релативен ризик од срцев удар, во споредба со оние кои пиеле до четири шолји кафе.

Кафето содржи фенолни соединенија кои се познати антиоксиданти и можат да го намалат стресот, објаснува д-р Сара А. Росне, која го води истражувањето.

Дополнително, докажано е дека кафето му помага на телото подобро да го користи инсулинот и штити од дијабетес тип 2.