дома животен стил Превенција на болести за луѓе кои работат на комјутер

Превенција на болести за луѓе кои работат на комјутер

Секоја работа и навика носи ризик за оболување.

488
0

Стекнатите болести се последица на животниот стил, квалитет на живот и секојдневните навики кои во голема мера зависат од тоа што го работите.

Ако вашата работа ве условува да биде подолго време пред комјутер, да седите и да го фокусирате своето око на мал простор (екран) тогаш се соочувате со ризик од оштетување на рбетен столб, до оштетување на окото и последици по психичката состојба.

Со цел да ги превенирате болестите што се појавуваат од овој тип на работа ви препорачуваме:

Носете очила со антирефлексно стакло

Очила со антирефлексно стакло ги одбиваат УВ зраците кои може да ја оштетат рожницата доколу постојано удираат на површината од окото.

Ортопетска столица

Површината на која седите и нејзиното прилагодување на вашиот рбет се од исклучително значење за нормален рбетен столб. Одберете отропетска столица и избегнете искривување на рбетен столб.

Храна која изобилува со витамин А и Д

Храна која изобилува со витамин А го штити вашиот вид, додека храна која содржи витамин Д го чува вашето расположение и ја одржува енергијата на високо ниво. Јадете повеќе риба, пченка, млечни производи, јајца, морков и тиква.

Правете почести паузи

Кратки паузи на пократко време се многу позначајни од една или две паузи по 15 минути. Користете кратки паузи да ги одморите своите очи, да се придвижите и да ја подобрите циркулацијата низ телото.