Пред 108 години, на 25 јуни 1903 година, Пољакињата и добитник на Нобелова награда Марија Склодовска Кири ја одбрани својата докторска дисертација за радиоактивни материи, потсетува Nobelprize.org на Фејсбук.
Дисертацијата беше одбрана на универзитетот Сорбона во Париз, а Кири тогаш стана првата жена во Франција која добила докторска физика.
Во далечната 1903 година, испитната комисија на Сорбона објави дека наодите на Кири, вклучително и одредување на атомската тежина на хемискиот елемент радиум, претставуваат најголем научен придонес даден во единствена докторска теза.
Тројцата членови на комисијата што одлучија за докторатот беа двајца идни нобеловци: Габриел Липман, добитник на Нобеловата награда за физика во 1908 година и Хенри Мусон, кој ја доби Нобеловата награда за хемија во 1906 година.
Официјалниот наслов на докторската теза на Марија Кири е „Истражување за радиоактивни супстанции“.
Полско-француската научничка е родена во Варшава во 1867 година, а починала во Саланс во 1934 година. Истата година кога го одбрани докторатот по физика за тоа научно поле, таа ја доби наградата „Роман“, заедно со нејзиниот сопруг Пјер Кири, исто така физичар.
Нивната ќерка Ирена Кири, исто така, се занимаваше со научна работа во хемија и физика, заедно со нејзиниот сопруг Жан Фредерик.