Една од најпознатите теми на христијанската уметност е поврзана со свети Антониј Велики – искушенијата на свети Антониј.
Преподобен Антониј Велики е роден во 251 година во селото Коми, недалеку од Хераклеополис во Горен Египет, како дете на богати родители.
Неговите родители починале кога тој имал 18 години. Откако го наследил целиот имот, им го поделил на сиромашните, а својата сестра ја сместил во институција со христијански девици.
Потоа заминал во пустината каде што живеел следните осумдесет години, поради што се смета за татко на пустиникот и воопшто на христијанското монаштво.
Живеел осамен, првите години во гробница во близина на родното село и се занимавал со столарија, молитви и размислувања за библиските поуки.
Постојано ги поместувал границите на својот подвиг. Ако мислел дека исполнил една зацртана цел, ќе ја поместел скалата за еден степен погоре.
Луѓето ги гледал само кога носеле леб и сол во замена за ракотворби и кога одел на литургија.
Често зборувал за борбата со демоните. Отпрвин го мачеле мислите дека е бескорисен неговиот чин на напуштање на светот и богатството, а потоа го касна совеста поради безгрижната сестра која нема ниту поддршка, ниту утеха.
Секоја вечер го мачела женската страст, која беше толку силна што не можело да ја сокрие од другите. Но тој се спротивставил со постот, молитвата, бдението, физичката исцрпеност.
На крајот, според христијанското црковно предание, ѓаволот му се јавил во облик на мало црно момче кое понизно му рекол: „Ти ме победи“, со што сакал да го наведе да си ја припише победата себеси, а со тоа да падне во гревот на гордоста. Свети Антониј го прашал кој е, а ѓаволот одговорил дека тој е духот на блудот кој заведувал многумина и дека само тој успеал да ги „скрши сите стрели“.
Според легендата, Антоније му рекол:
Бог ти дозволи да ми се појавиш црн – заради откривање на темнината на твоите зла, а како момче – заради искривување на твојата беспомошност. Затоа си достоен за целиот презир.
После тоа, ѓаволот заминал и повеќе не се вратил.
Многу христијански уметници биле инспирирани од овие искушенија со векови.
Искушенијата на свети Антониј Велики често служат како метафора за искушенијата на луѓето кои се стремат кон христијанскиот идеал во денешниот свет.