Скоро 200 пестициди се пронајдени во состав на прашината во домовите низ Европа, утврди ново научни истражување на група научници од Институт за биолошки и еколошки науки Radboud.

Научниците велат дека нивното истражување ја поддржува идејата дека регулаторите треба да ги проценат ризиците од пестицидите кога тие реагираат со други хемикалии, како и поединечно. Тие велат дека ова треба да важи за супстанциите што веќе се користат, како и за оние кои допрва треба да бидат одобрени.

Во прелиминарните наоди од најголемата студија од ваков вид, научниците кои ја испитуваа домашната прашина од домовите во 10 европски земји во 2021 година открија вкупно 197 пестициди.

Повеќе од 40% од пестицидите пронајдени во прашината се поврзани со високо токсични ефекти, вклучувајќи рак и нарушување на хормоналниот систем кај луѓето.

Бројот на пестициди во секој дом се движеше помеѓу 25 и 121, а нивото на пестициди имаше тенденција да биде поголемо во домовите на земјоделците.