Пожарот може да се забележи на голема раздалеченост од повисоки места. Воочлив е од средно Водно, а миризбата на чад може да се почувствува долж котлинскоте делови на Скопје.

Дежурните пожарникарски служби информираа дека е добиена пријава за пожарот и дека се работи на негово локализирање.

Сепак подетални информации одбија да дадат под објаснување дека интензивно се работи на локализација на пожарот кој судејќи по фотогорафијата веќе зафатил голема површина.