Од 1 декември, согласно законот кој се очекува да стапи на сила за забрана за употреба пластични кеси, 550 работници во земјава ризикуваат да останат без работа.
Производителите на пластични кеси велат дека тие не ги задоволуваат стандардите кои се бараат да бидат исполнети за толку кратко време.
90% од компаниите се занимаваат само со производство на пластични кеси, односно само 10% се занимаваат со друго производство. Македонија не е подготвена за производство на био кеси.
Прво, за временски рок од два месеца не може да се прилагоди производството, тоа бара долго време. Но, и доколку успееме да се прилагодиме на технологијата, ние не можеме да се снабдиме со материјалот, бидејќи сме мала држава, а потрошувачката е премала.
Став по ова прашање побаравме и од Министерството за животна средина. Од таму ни рекоа дека компаниите имале време да ја организираат работата, бидејќи законите се донесени навреме.
Производителите во нивната суровина користат и рециклирачки материјал. Инаку, со забраната за употреба ластични кеси, 28 компании ќе бидат принудени да ја стопираат нивната работа.